СТЕНДАП МАКЕДОНИЈА

СТЕНДАП МАКЕДОНИЈА е првиот македонски бренд за промоција (постои од 2011 год.), продукција и организација на настани од стендап културата во Македонија.

Создаден како непрофитен концепт во кој сите средства одат за промоција, продукција и актерски хонорари во рамките на Здржението на ѓраѓани Младински Форум и филмската продукција Дел Рио Филмс.

Основана е од Оливер Ромевски (автор, продуцент и режисер) и Александар Николоски (режисер, продуцент и монтажер) ставајќи ја Македонија на стендап мапата на Балканот но и во светот.

Под овој бренд успешно се реализирани преку 100 претстави (од 300 до 1700 гледачи) во кои продефилирале сите македонски комичари и скоро сите балкански стендап ѕвезди.

Во нивна сосптвеност е фестивалот  „STAND UP ADRIA AWARDS“, како и Тв емсијата  „STAND UP COMEDY NIGHT“.

Комплетни автори се на претставите: „Не ме лечи докторе", "Ни срам ни перде" и "Северно од Македонија" со Сашо Тасевски.

Продуценти и автори се на првиот стендап во светот на тема корупција „Време е да се разбудиш" под покровителство на Transparency International.

Продуценти се на:

  • првата македонска стендап дуо претстава „Чекајќи го министерот" со Бојан Велевски и Ефтим Трајчов.
  • серијалот  по повод 2 Февруари „Умри Мушки"
  • претставите „Obično veče"  и "Ukrađena ličnost" на Милан Лане Гутовиќ
  • Кој е тука идиот“на Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ
  • Свингери“ на Маријана Аранѓеловиќ, Михајло Лаптошевиќ, Јелена Недиќ и др.

Продукција на стотици часови стендап програма на највисоко естетско и професионално ниво со најсовремена техника.

Изнајмувањето на програмите на Стендап Македонија значи поддршка на сите стендап уметници во афирмација и видливост на нивната работа, со што се овораат нови можности за визуелизица  на нови забавни стендап Тв и интернет материјали.

Двајцата сопственици се докажани професионалци во својата работа и на стендапот гледаат како културно наследство за генерациите што следат.

Доказ за тоа се и нивните проекти со Тоше Проески (Супер Тоше, Синалко) како и проектите во областа на стрип-културата во Македонија каде се добитници на најзначајната награда за афирмација на македонскиот стрип.

 

 

MKD / EUR
MKD Македонски денар