COMEDY ROOM – МАРЈАН и НЕМАЊА
21:00 to 22:00 - јуни 20, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:
НЕМАЊА ЖИВАНОВИЌ
е српски стенд-ап комичар, водител и сценарист со над 5 години искуство и повеќе од 300 настапи низ целата земја и регионот. Автор на стариот добар подкаст.
Во ова нестабилно и стресно време на Ковид 19 ќе се обиде да ги забавува и растерети луѓето, но и да ги охрабри да размислуваат.
Мисли како:
Зошто го гледам ова? :)
Не можам ли да поминам подобро? :)
Кој е и онака овој човек? :)
Добро, мислам дека е смешно, но ... :)
Хахаха, навистина е смешно
Мамо, дојди да гледаме, те молам :)
Имам триесет години и немам приватност, а таа се однесува како да не сум уште личност, туку дете кое не може да носи одлуки за себе, ми се меша во животот до тој степен што ми забранува и одредува со кого можам и со кого не можам да бидам во врска, но затоа пак, не мислам на алиштата, тие се секогаш чисти, а понекогаш и заштедуваме на стенд ап настапи кои се во живо на интернет. :)

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
EUR Евра