БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е6 книга “Гладоморје” од ЈОВАНА МАТЕВСКА АТАНАСОВА

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

 


Гостин: Јована Матевска Атанасова (1991, Битола)
Дипломирала психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.
Авторка е на романите „Тамбовските снегови“ (Меѓународен Центар за славјанска просвета, 2015) и „Писмата во библиотеката“, е-книга (2016), поддржан и награден од програмата на Фондацијата Македоника и УНЕСКО, како и на психолошкиот прирачник за саморазвој „Јас во суперлаТИв“ (Ѓурѓа, 2021).
Гладоморје“ е нејзината прва збирка раскази, именувана по истоимениот расказ за кој во 2020 год. ја освои наградата „Живко Чинго“.
Добитник е на повеќе награди за кратки раскази, меѓу кои: најдобра литературна творба од СЕГА за расказот „Војникот и шинелот“ (2012), две откупни награди на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за расказите „Двете дланки“ (2015) и „Нештовина“ (2016), прва награда за есејот „Во декември мириса на печени костени“ (Крајбрежје, 2021), прва награда за расказот „Јенимаалка“, по повод денот на жената, распишан од Организацијата на жени од Битола (2021), како и уште една награда „Живко Чинго“ за расказот „Пура во Осака“ (2021), исто така застапен во оваа збирка раскази.

MKD / EUR
EUR Евра