БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е7 книга “Новогодишна ноќ” од ЕМИЛИЈА ЗЛАТКОВА АНАСТАСОВА

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин:
ЕМИЛИЈА ЗЛАТКОВА АНАСТАСОВА
(1982 Кочани)
Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје.
Моментално живее и твори, во Велес.
Учествувала на многу литературни конкурси во земјата и странство, каде се здобила со многу државни и меѓународни награди и признанија.
Од 2014 до 2020 година активно се занимава со аматерски театар, период, кога пишувала најмногу драмски текстови, кои ги режирала и поставувала на сцена со глумци-аматери.
Од 2020 година се враќа активно на пишувањето и објавувањето книги.
Автор е на книгите:
Волшебното Синџирче“ – 2000 г. (роман за деца и млади)
Нов Ден, Нова Песна“ – 2003г. (поезија)
Поглед Кон Невидливото“ 2020 г. (збирка драми)
Близнаци“ 2020 г. (прв роман за возрасни)
Детето во снегот“ 2020 г. (раскази)
Неверство“ 2021г. (роман)
Каде е Емили?“ 2021 г. (роман)
Новогодишна ноќ

MKD / EUR
MKD Македонски денар