БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е17 книга “Ден за одмазда“ од ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин: ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ (1962, Скопје).
Поет, раскажувач и преведувач.
Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година.
Од 2003 година е член на Сојузот на шведските писатели.
Бил вработен во Македонската радио-телевизија (МРТВ) како новинар и уредник (1985-1990).
Од 1990 година живее и работи во Гетеборг, Шведска.
Ја уредувал програмата на Радио Гетеборг за слушатели од подрачјето на поранешна Југославија во периодот 1991-1993 година. Во 1993 година ја покренува радио-емисијата “Македонски глас“ на локалната мрежа во Гетеборг.
Бил дописник на Македонската радио-телевизија (МРТВ) од Шведска и Скандинавија во периодот 1991-2005 година. Бил уредник на списанието „Македонски весник“, орган на Македонскиот сојуз, во периодот 1996-2006 година.
Во 1999-2000 година студирал на Институтот за масовни медиуми и комуникации при Универзитетот во Гетеборг. Од 2000 до 2008 година соработувал како фриланс новинар со неколку шведски весници („Метро“, „Сити Гетеборг“, „Сју дагар“).
Моментно работи како генерален секретар на Македонскиот сојуз во Шведска (МС) и одговорен е за веб-страницата на МС. Работи и како преведувач од македонски на шведски и обратно.
Бил во придружба на шведските академици и членови на Нобеловиот комитет, Торгни Линдгрен и Катарина Фростенсон, при нивните посети во Македонија и разговорите во МАНУ. Учествувал и во повеќе други проекти во разни области, со кои е реализирана соработка меѓу институции и организации во Шведска и Македонија. Иницијатор е на низа активности и манифестации со кои во изминатите две децении е презентирана и афирмирана македонската култура во Шведска.
Автор е на стихозбирките:
„Школки во рацете“ (1990),
„Долги граници со небото“ (1992),
„Метаморфози на патот“ (2002),
„Возови во пајакова мрежа“ (2006),
„Праг и огледало“ (2008),
„Во ѕидот знак“ (2010),
„Сенки на северот“ (поетски избор, 2013),
„Во друга светлина“ (2015).
Автор е на романите:
„Зад источната линија“ (2004),
„Седмиот ден“ (2014)
„Војници со гумени чизми“ (2016)
„Луѓе без минато“ (2018)
„Ден за одмзада“ (2022)
Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои Млада Струга, Златно перо, Иселеничка грамота, Стојан Христов и Стале Попов.

MKD / EUR
MKD Македонски денар