БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е4 Книга „Умрев за да оживеам” од Габриела Давидовска – Баниќ

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин: ГАБРИЕЛА ДАВИДОВСКА-БАНИЌ
Родена во Куманово 12.10.1977 година.
Немам студирано, па затоа нити не зборам многу за образованието.
2012 година, заради семејни причини, се преселувам во Ровињ-Р.Хрватска. (така ја кратиме приказната и викаме “семејни причини”).
Меѓу нас, маж ми е од овде, ама сакаше да живее во Мк.
Дојде, малиот ни се роди таму, ама човеков не издржа и со бебе од 11 ипол месеци се преселивме овде.
Уште таму имавме проблеми, се надевавме овде ќе се надминат, ама останаа.
Трпев додека можев, на крај сепак донесов одлука да се разведам.
Ама да не се разведев, немаше шанси да пишувам!
Сега користам кога син ми е кај татко му.
Мир дома. Инаку се одлучив да пишувам кога добив одказ заради пандемијата, на поттик од син ми.
За еден месец го напишав романот “Храбра кукавица”.
Додека да излезе од печат, веќе имав уште роман ипол напишано.
За вкупно 3 месеци првиот роман излезе од печат во март 2021 година.
По него искочи “Мајка од магла”(во Збор).
Потоа “У свему најбоља животиња” повторно во Хрватска.
Сите 3 во 2021 г.
Во 2022 година излегоа “Умрев за да оживеам” во Македонија и “Лудача” (Una pazza) во издавачка куќа Abbra books во Италија.
Во меѓувреме, “У свему најбоља животиња”(In everything the best animal) и “Лудача” (Crazy woman) беа предвидени на англиски јазик и постирани на Амазон.

MKD / EUR
MKD Македонски денар