БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е3 Книга „Потрага по загубениот гроб” од Панче Коцев

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:

ПАНЧЕ КОЦЕВ е роден на 04.06.1988 во Велес.
Детството го минува во Градско каде го завршува и основното образование во ОУ Даме Груев.
Средно образование завршува во Велес, во Гимназијата Кочо Рацин, а високото на Факултетот за Безбедност во Скопје.
Магистер е на безбедносни науки од 2019 година.
Во минатото има работено како водич-кустос на археолошкиот локалитет Стоби, а од 2013 година е вработен во МВР.
Оженет е и татко на 2 деца.

MKD / EUR
MKD Македонски денар