COMEDY ROOM – МАРЈАН и СРЃАН
21:00 to 22:00 - јули 4, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

СРЃАН СЛИЈЕПЧЕВИЌ
Роден во Белград, живеел во Зрењанин се додека не се пресели во Белград.
На вечерата на стенд-ап комедијата наречена „Остави, јас ќе направам!“ Може да слушнете за 90 минути, што ќе ви недостасува ако никогаш не одите во Зрењанин, како е повторно да се преселите во Белград, како и зошто да добиете забрана при влегувањето во ЕУ, кои се најголемите проблеми во машко-женските односи и како да ве отпуштат од работа каде сте се вработиле преку врска.
Срѓан Слијепчевиќ се занимава со овие и со многу други теми, имајќи го своето стенд-ап шоу на територијата на цела Србија, Босна и ХерцеговинА, Хрватска и Македонија повеќе од 100 пати.
Она што го разликува секој негов настап е тоа што по секој настап, тој се враќаше дома. И тој и публиката.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар