COMEDY ROOM – МАРЈАН и БОЈАН
21:00 to 22:00 - август 8, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

Дипломирал во Скопје.
Популарноста ја стекнал уште во детството преку култните Тв серии „Наше маало“ (Ице) и „Големи мали“ (Конде).
Имал повеќе од 500 стендап настапи во Македонија и на Балканот.
Во 2012-та год. станува прв македонски комичар кој настапил во Хрватска и тоа во нај реномираниот стендап клуб на Балканот „Studio Smijeha"- Загреб.
Во 2013-та год. настапува на нај реномираниот стендап фестивал на Балканот „PUNCH" - Загреб.
Во 2015-та год. ја започнува првата стендап турнеја во Македонија „TOUR DE STAND UP" и тоа во театрите и домовите на култура во 20 градови низ Републиката, која финишира со голлемо финале во Домот на АРМ во Скопје.
Во годините 2016/17/18 остварува најголем број на комерцијални настапи во Македонија.
Во 2017-та год. настапува за македоснката заедница во Хрватска.
Во 2017-та год. Бојан го презентираше својот нов One man show, со наслов „Just Married", материјал со кој уште еднаш го распордаде Домот на АРМ во Скопје.
Хуморот на Бојан опфаќа теми кои му се најдраги за обработка како што се: машко-женските односи, коментари за музика, текстови и песни од повеќе жанрови и стилови, карактерите на луѓето, случки од сопственото секојдневие и опкружување, коментари и шеги на своја сметка, жените како посебна тема и тн...

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар