COMEDY ROOM – МАРЈАН и ГОРАН
21:00 to 22:00 - јуни 27, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

ГОРАН ВИНЧИЌ
Потекнува од Мирковци покрај Винковци.
Студент по Филозофија (непоправлив романтик, хипер активен и екстравагантен).
Живее и работи во Загреб.
Тренира карате 20 год. Носител е на црн појас 2.Дан и е тренер на Карате Клубот "Темпо". Мајстор во карате (иако не знае ни сијалица да смени дома).
Се бави и со бокс, борење и мешани боречки вештини -се борел во ММА кавез, но не сака насилство.
Уште од мал посетвуал драмски групи, играл во разни претстави како: "А КОЈ СИ ТИ?" на драмското студио ЕХО во режија на Светлана Патафте.
По смртта на најпознатиот комичар Робин Вилијамс се одлучи да се занимава со стендап. Започна прво со настапи на open mic. Пред 4 години го имаше своето прво стендап шоу "Дежурен виновник". Се бави со стендап комедија 7 год. Вели: Стендапот е секогаш корисен да зборуваш за забранети работи. Освен по клубови настапувал и на свадби, родендени и девојачки (моминскси) вечери. Глумел матичар на една свадба, полицаец на роденден и потоа ги изведува своите настапи. Еден од најлошите настапи му бил во дом за стари лица. Најчесто тој ги отвора вечерите за стендап комедија (го пробива мразот) и за него велат дека и на гробишта би направил одлична атмосвера.
Рецитира поезија, водител е на разни програми, квизови и анимации.
Фронтмен е на групата "Хладовина", бенд кој сеуште си го бара својот стил.
Знае како да избегне контрола во трамвај и добар кроше.
На 09 јуни 2020год. стана татко на Зоран.
Се плаши од змии.
Хоби му е јадење на брза храна и гледање на Youtube видеа и мечтаење.
Најмногу сака бурек и својата жена. Тој е голем гурман, сака да готви, но не сака да пере садови. Од храна сака се, освен печурки.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
EUR Евра