COMEDY ROOM – МАРЈАН и БОРКО
21:00 to 22:00 - јули 18, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

БОРКО НАУМОВСКИ

Борко од Радишани е 36годишен тинејџер којшто многу сака да танцува, плива, боксува, пее (иако за пеењето не го бива!!!), да се смее, јогисува, медитира и кулира
Како мал бил ептен срамежлив и затворен... ама кога пораснал се отстрамил и отворил и почнал да шета и истражува по Светот, станувајќи Светски Патник
Како мал ептен не го бивало за школо и бил 3каш ама кога пораснал станал 10каш и добил пари од неколку држави за учење, најмногу пари добил од Германците каде и магистрирал...
Уште како мал ептен сакал да живее на острови, во интересни големи градови, но кога пораснал сватил дека другарите и Македонија му се побитни, па се вратил во Радишани и сега сите го зафркаваат
Додека бил мал и зелен навивал за Американците, пред да ја разбере вистината за Виетнам дека тие земји всушност не се соседи, од тогаш се уште е на страната на Виетнамците...
Се декларира дека заљубен во својата МЕДЕНА а најмногу бил вљљубен во Спортската Психологија и во мотивирање на луѓето окулу него
"СРЕЌАТА Е ВО ОРГАЗМОТ" е неговото МОТО и со организирано смеење на луѓе почнал со "СЕКС ТАЛК ШОУ" додека работел на брод.
Борко верува дека на целото општество во Македонија му треба подобар секс (НЕ од политичарите) за да стане позитивно, поуспешно и среќно :)
Можеби ќе ве насмее, можеби не ама сигурно некои нови луди филозофски теории ќе се изнаслушате...

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

Order Qty Total
3

Total quantity sold : 3

MKD / EUR
EUR Евра