Во ова време, ни треба смеа, а за добра порција урнебес на овие простори нема подобри од Босанците.
Затоа, одлучивме за сите што го разбираат јазикот кој луѓето од Екс ЈУ просторите најчесто го нарекуваат „Наш јазик“ преку Интернет(онлајн), да стримаме (емитуваме)стенд ап шоу „Нè викаат Босанци“ од БИС комеди колективот од Загреб.
Тоа ќе биде стрим на вистинско стенд ап шоу, пред вистинска, жива публика во кино салата во малото гратче Дуга Реса во Хрватска - Среда - 24 февруари во 20 часот.
Снимката ќе остане несечена и немонтирана подоцна во понудата „во живо на лента“.
Предупредување: Ова е наше прво „онлајн стриминг“ шоу, се надеваме дека нема да има никакви технички проблеми, но доколку ги има, ги замолуваме сите гледачи да кажат заедно со нас едно босанско „jebiga“ и пружете ни поддршка со традиционалното "nekako ćemo".
Стенд ап шоуто „Нè викаат Босанци“ го изведуваат комичарите Марко Дејановиќ и Адмир Шеќкановиќ. Станува збор за двајца момци кои ги идентификуваат како Босанци насекаде, освен во Босна и Херцеговина.
Како е да се биде вистински Босанец (живее надвор од БиХ), како е да се биде муслиман комичар, етнички мелез, бегалец, дојденец, но и како е да се биде Адмир и Марко, ќе зборуваат во оваа смешно шоу.
Адмир Ади Шеќкановиќ е роден во Загреб како втора генерација босански имигранти. Ова не се слуша во неговиот акцент, но дијаметарот на главата, неговото име и фактот дека тој е единствениот муслиман комичар во Загреб го класифицираат како Босанец.
Марко Дејановиќ наречен Напушена Панда е роден во Бања Лука, но во тоа време тоа било Југославија. Поголемиот дел од својот живот, како вистински Босанец, го живее во Загреб. Како етнички мелез во БиХ, тој ќе треба да спаѓа во категоријата „Други“, но тој не останаува таму, туку доаѓа во Загреб, каде што може да живее мирно како босански „дојденец“.
Влезниците се по цена: 313 денари (5 евра) во предпродажба, и 375 денари (6 евра) на денот на изведбата 24.02.21 и натаму.
За сите кои нема да можат да го следат настанот во живо, истиот ќе биде достапен за гледање до 02.03.21
ПОГЛЕДНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОВДЕ
ГЛЕДАЈ LIVE STREAM ОВДЕ