Terms and Conditions

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА

Влезниците нарачани преку www.zlatenzab.mk ќе ви бидат испорачани преку наш логистички партнер.

Во согласност со условите за испорака на ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ, кон вредноста на нарачката се додаваат и трошоците за испорака, и тоа:

  • доколку адресата на испорака е на подрачјето на Република Македонија, нарачателот плаќа фиксен трошок за испорака во износ
  • производите се доставуваат во рок од 3 до 7 работни дена по испраќање (процесирање) на нарачката, невклучувајќи викенд денови и празници.
  • доколку не се оставени податоци во формата за достава, потребно е да се прати е-mail на: [email protected] со следниве податоци:
    • Име и презиме на примач на пратка
    • Адреса за достава
    • Телефонски број
    • Број на нарачка (за потврда на трансакцијата)
    • Доставата за замена на неисправен производ е бесплатна.
  • замена на производот се врши доколку производот е нефункционален, оштетен или доколку е испратен грешен производ. Производот може да биде заменет само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.
  • производот потребно е да се врати во просториите на ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ на ул. Аминта Трети бр. 21/4 1000 Скопје. Трошокот за поврат е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ ја има следната политика:

  • За ОТКАЖАНИ настани ќе Ви бидат вратени парите за влезниците купени преку Интернет (online). Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување на доказ за купување (одпечатен билет, број на нарачка за потрвда на транскацијата). Доколку сте купиле влезница од продажно место, вратете ги влезниците на истото место заедно со фискалната сметка и парите ќе ви бидат вратени или следете ги дополнително информациите на каков начин ќе ви бдат вратени парите.
  • За ОДЛОЖЕНИ настани навремено ќе бидете информирани од наша веб страна за промената на настанот. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со вашите активности, влезниците ќе ви бидат заменети со влезници за друг настан или партите ќе ви бидат вратени.
  • Не е возможно парите да бидат рефундирани и не се врши замена на друг производ/билет доколку не сте се појавиле на настанот, а претхдно сте купиле карти преку интернет (online) или преку нашите продажни места.
  • Не е можно рефундирање на пари за откажување на купени карти преку интернет (online), по барање на клиентот.

 

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro