STAND UP COMEDY NIGHT
СТЕНДАП КОМИЧНА ВЕЧЕР
ПЕТОК
11.11.22
20:00ч.
СВЕТИ НИКОЛЕ
КИНОВЕРЗУМ
ИВАНА НАСКОВА
Дипломира и магистрира во Скопје.
Долги години македонската јавност ја познава како Радио и Тв водителка.
Автор е на романите со љубовна тематика: „Совршениот странец", „Вети ќе ме сакаш", „Секогаш те одбирав тебе" , и на трилерот „Сестра".
Работи стендап повеќе години. Има успепешни настапи низ Македонија и надвор од земјата.
Хуморот на Ивана опфаќа шеги на сметка машко-женски односи, бракот и врските.
Едно секојдневие набљудувано од окото на Ивана, ситуации и приказни во кои ќе се пронајдете.
СРЃАН СЛИЈЕПЧЕВИЌ
Првиот стенд ап комичар од Зрењанин.
На неговите стенд ап настапи може да слушнете зошто завесите се една од најголемите пречки во врската, како е да растеш како Херцеговец, како и зошто добиваш забрана за влез во ЕУ, кои се најголемите проблеми во машко-женски односи и како да се избркате од работа каде сте се вработиле преку врска.
На овие и многу други теми ја насмееа повеќе пати публиката во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија.
Она што го издвојува секое негово шоу е тоа што после секој настап се враќал дома. И тој и публиката.