БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е4 Книга “СФИНГА НА ГНЕВОТ” од Жарко Кујунџиски

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.


Гостин: М-р Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980)
Македонски романсиер, есеист, драмски автор, поет, преведувач и филмски критичар.
Дипломирал во 2003 година, а подоцна и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“, копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола.
Главен уредник е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински и на албански јазик.
Застапен е во повеќе антологии на македонската проза и поезија.
Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013.
Добитник е на голем број книжевни награди и на една награда за глума.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар.
Приредувач е на Јас имам сон (2010), антологија на најзначајните светски и македонски говори на сите времиња, и на Дај две, љубовни! (2015), антологија на љубовни песни од автори од Европа.
Ги превел од англиски на македонски јазик култниот роман Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и сценариото за филмот Евтини приказни (2008).
Романот Spectator е прв дебитантски роман во современата македонска книжевност со осум изданија и досега е преведен на полски и на англиски јазик.

Роман СФИНГА НА ГНЕВОТ
Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.

Авторски книги:
Spectator (роман 2003, прво издание),
Ендрју, љубов и други непогоди (драми 2004),
Америка (роман 2006, прво издание),
Сузан (песни 2008, како Џеси Блејз),
Најдено-загубено (роман 2008, прво издание),
13 (раскази 2010),
Мојата Сузан повторно девојка (песни 2011, како Џеси Блејз),
Најкраткото долго (студија, 2012),
Скопје и сè е можно (роман, 2013)
Тино од мојот влез (сликовница за деца, 2015),
Ние предметите (поезија 2016).

Зборуваме за:
– елитна книжевност
– еден лик занесеник по книги, речиси невозможен ендемичен вид во изумирање
– жанровски и стилски палимпсест

БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е3 Книга “АФЕРА ВО МУЗЕЈОТ НА ПАРИ” од Сашо Кузмановски

 

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин: Сашо Кузмановски (1979, Скопје)
Дипломиран новинар.
1995 г. започнува на медиуми со авторска радио емисија на Радио Оаза.
Продолжува на радиото Канал 4 каде започува и со спортско репортерство.
Од 1998 г. до 2008 г. активно работи како новинар во единствениот македонски дневен спортски весник Македонски Спорт.
Од 2001 г. е програмски уредник на спортското радио 90, 3 Фм каде работи и денес.
Во повеќе наврати на понакана на македонските телевизии работи како тв коментатор на некои од најважите спортски настани како лигата на шампионите на УЕФА и европското фудбалско првенство 2008 г.
Во 2017 г. беше официјален спикер на Суперкупот на УЕФА меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Афера во музејот на пари“ е прво дело на Сашо Кузмановски, кое во стилот на најдобрите крими-трилери ни носи возбудлива приказна за борбата со нелегалното тргување со антиквитети. Напредното познавање од областа на нумизматиката и вештиот раскажувачки стил на Кузмановски го прават овој роман убедлив и конкурентен на светските бестселери од овој жанр.

Зборуваме за:

-колку во приказната има фикција, а колку  реални елементи?
-главната порака на романот?
-книга како создадена за екранизација, ТВ-серија или филм

БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е2 Книга “РАВЕНКА НА СТРАВОТ” од Верица Мукоска

 


Автор и водител:
АНДЕ Д: ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин: ВЕРИЦА МУКОСКА (1999, Вевчани)
Читањето и пишувањето отсекогаш и било пасија, првите стихови започна да ги пишува уште во раните детски денови, а во 2009 година и е објавена првата нејзина стихозбирка “Стихови од срцето на природата“. Романот “Дневникот на длабоките тајни” (2017) е нејзино прво прозно дело. Дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика.

Зборуваме за:
-Како да се стигне до целта, која таа и да е, преку философијата или уметноста?
-Колку љубовта влијае врз нашиот живот?
-Колку животот нè учи на надеж?
-Дали има нешто што вечно сјае?
-И можно ли е тоа?

БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е1 Книга “ТЕГЛИ” од Јордан Коцевски

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д: ЈАНКОВ
е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин:
ЈОРДАН КОЦЕВСКИ (1983, Охрид)

Горд татко на 2 деца, докторирал на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Ра­боти како туристички водич, додека се обидува да го остави својот печат и како писател.
Првата книга, збирката раскази „Време за живеење“, ја има објавено во 2001 г.
Неговата стрип-антологија во коавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“ излезе од печат во 2014 г., а со истиот илустратор ја издаде и првата графичка новела „Витези од соседството“ во 2016 г.
Добитник е на две награди за стрипот „Our Eden“, додека него­вата книга „Прозорецот“ беше наградена и објавена во електрон­ска форма од страна на „Фондација Македоника“ во 2016 г.
Неговите кратки стрипови, како сценарист, се објавени во по­веќе списанија за стрип во земјата и во странство. Автор е и на триесетина научни и стручни трудови од областа на туризмот и угостителството.
Тој е главен и одговорен уредник на „(е)Лит“, електронско спи­сание за книжевност и друга уметност

 

 

 

 

 

Зборуваме за:
-за сѐ она што треба или не треба да се чува складирано во тегли
-приказна што се развива по принципите слични на стрипот
-редок суб-жанр кај нас ‒ трилер и хорор
-ова дело да добие и филмска адаптација

 

 

MKD / EUR
MKD Македонски денар