СЕМИР ГИЦИЌ

Завршил гимназија и музичка школа за хармоника во Нови Пазар.

Студирал  на Академијата за театарски и филмски уметности, а дипломирал на Катедрата за глума во класата на Проф. Енвер Петровци на Интернационлниот Униврзитет во Нови Пазар.

Обавувл функција на в.д. директор на Заводот за култура на Бошњаците од Санџак во Србија.

Пишувал редовно колуми за ревијата „Санџак”.

Бил наратор на  аудио читанки за прво и второ одделение за основни училишта од издавчката куќа „Клетт“.
Активен е предвач во Школата за глума во Нови Пазар, Сјеница, Панчево и Инџија.

Член е на Здружението на драмски писатели на Р. Србија.

Семир Гициќ е автор на популрните комедии:

  • „Внимавај со кого спиеш” I i II дел
  • „Чекајќи го министерот”, каде глуми заедно со Лидија Вуќичевиќ
  • „Имаме дојава”
  • „Пинокио за возрасни”
  • „КВДП”
  • „Дежа Ву”
  • „Пазарски приказни “ е авторска Тв серија на Семир Гициќ, во која тој беше и водител.

„Списокот на неподносливите сорти на луѓето“ е тема во неговата нова безконцептуална стендап комедија.
Семир Гициќ, можеби, ни кажува дека само во лудилото постои систем, дека секој апсурд е пологичен од реалноста во која живееме, која се менува од час во час, многу ретко според правилата на здравиот разум. Кога човек ќе помисли дека нешто се завршило, дури тогаш почнува, кога веурува дека се разбрал, дури тогаш е измамен, по којзнае кој пат.

Во неговите настапи нема вицеви, ефтини метафори, играње и друго трошење на време за бадијала.

 

MKD / EUR
EUR Евра