БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

БОЈАН ВЕЛЕВСКИ

Дипломирал во Скопје.

Популарноста ја стекнал уште во детството преку култните Тв серии „Наше маало“  (Ице) и „Големи  мали“ (Конде).
Имал повеќе од 500 стендап настапи во Македонија и на Балканот.

  • Во 2012-та год. станува прв македонски комичар кој настапил во Хрватска и тоа во нај реномираниот стендап клуб на Балканот „Studio Smijeha"- Загреб.
  • Во 2013-та год. настапува на  нај реномираниот стендап фестивал на Балканот „PUNCH" - Загреб.
  • Во 2015-та год. ја започнува првата стендап турнеја во Македонија „TOUR DE STAND UP" и тоа во театрите и домовите на култура во 20 градови низ Републиката, која финишира со голлемо финале во Домот на АРМ во Скопје.
  • Во годините 2016/17/18 остварува најголем број на комерцијални настапи во Македонија.
  • Во 2017-та год. настапува за македоснката заедница во Хрватска.
  • Во 2017-та год. Бојан го презентираше својот нов One man show, со наслов  „Just Married", материјал со кој уште еднаш го распордаде Домот на АРМ во Скопје.

Хуморот на Бојан опфаќа теми кои му се најдраги за обработка како што се: машко-женските односи, коментари за музика, текстови и песни од повеќе жанрови и стилови, карактерите на луѓето, случки од сопственото секојдневие и опкружување, коментари и шеги на своја сметка, жените како посебна тема и тн...

MKD / EUR
EUR Евра