Владислав Илиќ е млад човек по потекло од Куманово каде работел како актер – аматер во драмските кругови во Куманово.
Со стенд-ап комедијата се запознава на Малта каде што и го започнал интересот кон овој тип на комедија.
2017 се сели во Лондон каде почнува да работи посериозно во полето на стендап- комедијата. Пред да ја освои првата награда тој настапувал и по четири пати неделно во Англиските клубови. Вели дека не се ограничува во она што го зборува, а Стенд-ап комедијата му е врежана во срцето и слепо верува во идејата и пораката да им подари насмевка на луѓето кои бараат олеснување од секојдневните грижи.
Досега има освои повеќе важни награди – „Кинг оф д гонг“ во светски познатиот клуб „Комеди стор“, трипати е победник на натпреварот „Уан ту вач“ во најстариот клуб во Лондон „Ап ту крик“, победник е и на натпреварот „Гет ап – стенд ап“ каде ја доби наградата “Комичар на годината“ во Пикадили Комеди Клуб, кој е еден од најтешките натпревари со повеќе од 700 учесници, а меѓу другите ја освои и наградата „Макс Турнер прајз“.
По две години настапување, Владислав или Влад како што е попознат таму, доби шанса да настапува пред жири од талент агенти и потпиша три годишен договор со добро познатата “Блу Бук Артист Менаџмент“агенција.
Во Октомври месец 2020г. го имаше и својот прв настап на ББС1 ТВ. Настапот е достапен на платформата ББС Ај-Плејер низ Обединетото Кралство цела година. Настапот е дел од серијата “Stand Up For Live Comedy“ – проект на ББС 3 – кој ги бара најновите неоткриени таленти и им дава шанса да настапат на нивната платформа.
Следно од Владислав Илиќ заедно со продукцијата Златен Заб ќе биде неговиот онлајн стенд-ап настап за македонската публика.