БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е8 Книга „Анатрос” од ХАРИ КАЦАНОВСКИ

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:ХАРИ КАЦАНОВСКИ е роден во Скопје. Има дипломирано на Машинскиот факултет, отсек „Производна информатика“ и на Фармацевтскиот факултет, отсек „Лабораториско биоинженерство“. За време на студиите и потоа работи како филмски преведувач; држи приватни часови по хемија, физика и математика; а професонално пишува и содржини од научен карактер. Негува голем интерес за психологија, филозофија и уметност сврзани во едно градиво низ медиумот на научната фантастика која е носечки жанр во неговата книга „Анатрос“.

MKD / EUR
MKD Македонски денар