БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е7 Книга„Рудникот” од МИОДРАГ МАJИЌ

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:МИОДРАГ МАЈИЌ
Миодраг Мајиќ е судија во Апелациониот суд во Белград (Оддел за криминал и воени злосторства). Во досегашната кариера бил судија и претседател на Првиот општински суд во Белград, како и соработник и помошник на обвинителот. Од 2009 до 2012 година ја застапуваше Република Србија пред Меѓународниот кривичен суд. На Правниот факултет на Универзитетот во Белград докторирал и магистрирал од областа на кривичното право. Пишува и предава во земјата и странство по покана. Автор е на голем број книги и написи од областа на кривичното и меѓународното казнено право и учествувал во изработката на значајни закони од областа на кривичното право (ЗКП, Закон за меѓународна правна помош во кривичната материја, Закон за конфискација на имот стекнат со криминал и сл.). Тој е член на Управниот одбор и еден од основачите на Центарот за судски истражувања (ЦЕПРИС). Добитник е на наградата „Витез на повикот“ (2016), наградата „Балкански херои“ (2018), наградата „Верица Бараќ“ (2019) и наградата „Придонес на годината во Европа“ (2019 година) . Покрај правото, сака литература, фотографија и музика. Автор е на три романи: Деца на злото, Островот на Пеликаните, и Рудник.

MKD / EUR
MKD Македонски денар