БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е6 Книга „Боја во сето сиво” од Александра Андреева

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин: АЛЕКСАНДРА АНДРЕЕВА
Александра Андреева (32), по професија дипломиран економист – овластен сметководител, со 14 годишно искуство во оваа област, од кои 8 години во својата компанија АНДРЕЕВА КОНСАЛТИНГ во Велес. Активно се залага за унапредување на сметководствената професија како член на Управниот одбор на Комора на сметководители на Македонија.
Во текот на своето професионално искуство, Андреева дава и консултантски услуги на компании од различни сектори, а од почетокот на 2022 година работи во Општина Велес каде, меѓу другото, придонесува за афирмација на културата со организирање на бројни културни настани, фестивали и манифестации, бидејќи како што вели уметноста е нејзина прва љубов и истата ја практикува како хоби преку цртање, пишување поезија, куклени претстави и слично.
Александра е мајка на две деца, Габриел (12) и Михаела (10), во кои ја наоѓа секојдневната инспирација и мотивација, а љубовта кон нив, Бог, животот, татковината придонесоа за создавање на ова дело.

MKD / EUR
EUR Евра