БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е10 книга “Се сакаме кога никој не гледа“ од АНГЕЛА ПЕНОВА

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин:
АНГЕЛА ПЕНОВА (1994 Скопје)
Дипломиран Машински инженер и голем љубител на книгите.
Љубовта кон пишаниот збор се јавува на мала возраст и во текот на школувањето учевствува на разни натпревари за најдобар расказ во регион на град Скопје.
Првично, своето пишување го насочува кон поезијата, а подоцна процветува во пишување на романи.
Добитник е на наградниот конкурс „Романијада“ 2019 година, од страна на издавачката куќа „Култура“.
Дебитантскиот роман го носи името „Патот што го одбрав“ и преку него успева да се пробие низ македонските читатели.
Со повеќе напишани романи, кои ја чекаат можноста за нивно остварување, во 2021 година конкурира во „Министерство за култура“ на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата – литературата и издавачка дејност со својот роман „Кога никој не гледа
Темите опфаќаат психолошки термини и области во кои ќе се пронајде голем дел од младината. Разработени се теми од секојдневиот живот преку течен и лесно-разбирлив стил на пишување.
Пишувањето е начин каде може да биде своја и начин за ослободување на своите емоции, преку кои допира до секој кој чита.
Веќе позната во својата насока и поддржана од македонската публика, повторно аплицира за учество во „Министерството за култура“ со својот трет проект „Позајмени сништа“.
Таа штотуку се разбуди од својот сон, и ќе цели да го оствари.

MKD / EUR
MKD Македонски денар