Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.
Гостин: Сашо Кузмановски (1979, Скопје)
Дипломиран новинар.
1995 г. започнува на медиуми со авторска радио емисија на Радио Оаза.
Продолжува на радиото Канал 4 каде започува и со спортско репортерство.
Од 1998 г. до 2008 г. активно работи како новинар во единствениот македонски дневен спортски весник Македонски Спорт.
Од 2001 г. е програмски уредник на спортското радио 90, 3 Фм каде работи и денес.
Во повеќе наврати на понакана на македонските телевизии работи како тв коментатор на некои од најважите спортски настани како лигата на шампионите на УЕФА и европското фудбалско првенство 2008 г.
Во 2017 г. беше официјален спикер на Суперкупот на УЕФА меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
„Афера во музејот на пари“ е прво дело на Сашо Кузмановски, кое во стилот на најдобрите крими-трилери ни носи возбудлива приказна за борбата со нелегалното тргување со антиквитети. Напредното познавање од областа на нумизматиката и вештиот раскажувачки стил на Кузмановски го прават овој роман убедлив и конкурентен на светските бестселери од овој жанр.
Зборуваме за:
-колку во приказната има фикција, а колку реални елементи?
-главната порака на романот?
-книга како создадена за екранизација, ТВ-серија или филм