Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.
Гостин: ИВАНА ТРАЈАНОСКА (1981 година, Скопје)
Универзитетска професорка, книжевна истражувачка и критичарка, преведувачка и писателка.
Додипломските студии по англиски јазик и книжевност со француски јазик и книжевност ги завршува на Флилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Постдипломските и докторските студии ги завршува на Универзитетот Пол Валери-Монпелје 3, во Фрнција, во областа на англистиката.
Докторира во 2014 година на тема „Улогата на музката во романот Аџилак на Дороти Ричардсон“ со највисоки почести.
Дваесет години работи како професор по англиски и француски јазик.
Од 2008 година предава англиска книжевност, академско пишување и интеркултурна комуникација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Во 2008 година го објавува својот прв роман Разгледници во издание на Арт и Арт.
Објавува и кратка проза во македонски и интернационални литературни списанија.
Има објавено повеќе стручни и научни трудови на македонски, француски и англиски јазик во меѓународни списанија и зборници на теми од книжевноста, особено интердисплинарноста и интермедијалноста во англиската книжевност од почетокот на дваесетиот век, и наставата по англиски јазик.
Одржала повеќе гостински предавања на унивезитети во странство како Новиот бугарски универзитет (Бугарија), Државниот колеџ во Кросно (Полска), Уралскиот државен педагошки универзитет (Русија), Университетот во Келн (Германија), Политехничкиот универзитет во Темишвар (Романија) и други.
Член е на повеќе здруженија меѓу кои и Меѓународната асоцијација за реч и музика. Во 2017 е објавен првиот нејзин книжевен превод од француски на македонски јазик на романот Јастребот од Мае на францускиот писател и добитник на наградата Гонкур, Жан Кариер.
Во 2020 година нејзиниот необјавен ракопис на романот Деса е одбран за објавување со сребрен печат на конкурсот „Пегаз“ во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и фондацијата „Славко Јаневски“.
Романот Деса влезе во најтесниот избор за наградата Роман на годината за 2021 во организација на фондацијата „Славко Јаневски“.
Ивана Трајаноска е авторка на следните прозни изданија:
– Ивана Трајаноска, Деса, Арс Ламина, Скопје, 2021. (роман)
– Ивана Трајаноска, Извадок од необјавениот роман Деса, Стремеж бр.2 год. 66, Прилеп, 2020.
– Ивана Трајаноска, „Брод кој не плови“, Стремеж бр. 1 год. 66, Прилеп, 2020 (кратка проза).
– Ивана Трајаноска, „Скопје се сеќава“, Сторемеж бр. 1 год. 66, Прилеп, 2020 (кратка проза).
– Ivana Trajanoska, “Stuffed Peppers”, in Stories and Dishes from All Around the World, Greenville, East Carolina University, 2017. (кратка проза)
– Ivana Trajanoska, “Bean Stew”, in Stories and Dishes from All Around the World, Greenville, East Carolina University, 2017. (кратка проза)
– Ivana Trajanoska, “Syrup Cake”, in Stories and Dishes from All Around the World, Greenville, East Carolina University, 2017. (кратка проза)
– Ивана Трајаноска, Разгледници, Скопје, Арт&Арт, 2008. (роман)