БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С4Е2 Книга „Татко ми Босфор” од Јован Илиески

Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ
е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.

Гостин:
ЈОВАН ИЛИЕСКИ е психолог, гешталт–терапевт во бидување, по вокација писател, по душа вечен раскажувач.
Ги обожава несекојдневните приказни од секојдневниот живот.
Има пет романи, пет деца – „Татко ми, Босфор“ е неговото шесто и најдраго дете.
Вечен вљубеник во невозможното, во она да се поправи скршеното, како што во секоја книга се обидува да го направи тоа.
Неуморно пишува од неговата седумгодишна возраст.
За него, домот не е место, туку друго срце.
Не ужива пишувајќи поезија, но поезијата ужива да биде напишана од него.
Поради тоа, има добиено неколку државни награди уште пред да излезе на домашниот книжевен пазар.
Неговите кратки прозни дела се наоѓаат низ страниците на списанието за современа балканска литература „Балкански књижевни гласник“.
По повеќе од седум продадени тиражи и пет досегашни наслови, авторот за себе кажува дека секогаш ќе пишува, исто како што секогаш дише.
Автор е на шест книги:
1. „Душа на парче хартија“, 2012
2. „Кругот на животот“, 2014
3. „Сенки на полноќ“, 2016
4. „Ноќта кога ја напуштив Прага“, 2019
5. „Соба 610“, 2021
6. „Татко ми, Босфор“, 2022

MKD / EUR
EUR Евра