БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е4 Книга “СФИНГА НА ГНЕВОТ” од Жарко Кујунџиски

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.


Гостин: М-р Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980)
Македонски романсиер, есеист, драмски автор, поет, преведувач и филмски критичар.
Дипломирал во 2003 година, а подоцна и магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Бил колумнист во дневните весници „Утрински весник“ и „Дневник“, основач и уредник на електронското списание „Репер“, копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола.
Главен уредник е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински и на албански јазик.
Застапен е во повеќе антологии на македонската проза и поезија.
Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013.
Добитник е на голем број книжевни награди и на една награда за глума.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар.
Приредувач е на Јас имам сон (2010), антологија на најзначајните светски и македонски говори на сите времиња, и на Дај две, љубовни! (2015), антологија на љубовни песни од автори од Европа.
Ги превел од англиски на македонски јазик култниот роман Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и сценариото за филмот Евтини приказни (2008).
Романот Spectator е прв дебитантски роман во современата македонска книжевност со осум изданија и досега е преведен на полски и на англиски јазик.

Роман СФИНГА НА ГНЕВОТ
Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.

Авторски книги:
Spectator (роман 2003, прво издание),
Ендрју, љубов и други непогоди (драми 2004),
Америка (роман 2006, прво издание),
Сузан (песни 2008, како Џеси Блејз),
Најдено-загубено (роман 2008, прво издание),
13 (раскази 2010),
Мојата Сузан повторно девојка (песни 2011, како Џеси Блејз),
Најкраткото долго (студија, 2012),
Скопје и сè е можно (роман, 2013)
Тино од мојот влез (сликовница за деца, 2015),
Ние предметите (поезија 2016).

Зборуваме за:
– елитна книжевност
– еден лик занесеник по книги, речиси невозможен ендемичен вид во изумирање
– жанровски и стилски палимпсест

MKD / EUR
EUR Евра