БУККАСТ со АНДЕ Д. ЈАНКОВ С3Е11 книга “Девојката од автобусот“ од ДУШКО ТРИФУНОВСКИ

Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден во престапната 1988 година, (година на првиот компјутерски вирус и година кога фудбалската репрезентација на Холандија за последен пат освојува еден голем интернационален турнир – Европското првенство ’88), уште откако се сеќава за себе покажува интерес за пишаниот збор.
Голем дел од слободното време го поминува читајќи книги од домашната библиотека, со што и се рaѓа неговата љубов кон книжевноста.
Средното образование го завршува во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес во 2007 година, по што образованието го продолжува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
За време на неговите студии прв пат почнува да пишува кратки раскази.
Во јули 2014 година, му се пружа можност да помине две седмици на грчкиот остров Крит, во прекрасниот град Хања, каде и ја добива инспирацијата за да почне да го пишува својот прв роман.
Во септември 2015, романот „Едно лето на Крит” го освојува првото место на конкурсот „Романијада” во организација на издавачката куќа „Култура”.
Наредната година, 2016 (повторно престапна) во февруари, „Едно лето на Крит” ја доживува својата промоција, а првичните реакции на читателите се повеќе од охрабрувачки.
Во 2020 година, го издава својот втор роман, “Виенски Гамбит” во издание на издавачката куќа Антолог.

Гостин:
ДУШКО ТРИФУНОВСКИ (1997 Скопје)

Правото за него е интересна област сè дури не го засака македонскиот јазик и литература.
Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје како Професор по македонистика.
Истовремено ги води и авторските активности, учествувајќи редовно на манифестации и промоции низ целата држава.
Автор е на романите: „Слана“, „За два дена рече „Да“, „Бела и Зборко“ и „Девојката од автобусот“, како и на двете драми „Слана “ и „Јазол“.
Во период од 2016-2018 учествува како автор во детското списание Супер Смешко со поезија за претшколска возраст, како и во многубројни поетски и прозни антологии во коавторство со други автори: Љубовен чардак, Вино и Љубов...
Се има закитено со многу награди, меѓу кои се и Расказ на годината за 2018 и 2019 год., Гран при на поезијата на млади поети, Награда за севкупно творештво која доаѓа во период кога се одбележува 5 години од првиот роман-Слана, проследена со Награда за книга со семејни вредности
Моментално работи во книжарницата Литература и во издавачката куќа Арс Ламина во која е автор од 2017 година, како и во ООУ „Лазо Ангеловски“ како професор по Македонски јазик.

 

MKD / EUR
EUR Евра