Буккастот (Bookcast) Книжевни разговори со Анде, е замислен како неделна подкаст емисија, во која ќе слушнете и видите негови интервјуа спроведени со еминентни но и нови писатели, книжевни работници, издавачи и љубители на книжевниот збор, со цел да продолжиме со активности помеѓу нашата читателска публика во времиња во кои повеќето настани од разбирливи причини се префрлуваат online.
Автор и водител:
АНДЕ Д. ЈАНКОВ е роден на 05.06.1988 година во Велес.
Уште од најмала возраст покажува афинетот кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините.
Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година.
Неговиот деби роман ‘‘Едно лето на Крит‘‘, кој излегува од печат во 2016 година е добитник на наградата ‘‘Романијада‘‘.
Во 2020 година, во издание на ‘‘Антолог‘‘, излегува неговиот втор роман, ‘‘Виенски гамбит‘‘, замислен како прв дел од подолг крими-серијал.
Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст ‘‘Книжевни разговори‘‘, кој доживува три сезони, од кои третата сезона е во соработка со Продукцијата Златен Заб.
Во 2021 излегува неговиот трет роман, ‘‘Сигурен ризик‘‘.
Во 2022 година излегува неговиот четврт роман, ‘‘Само Бог Простува‘‘.
Гостин:
Ангела Пенова, родена 26.11.1994 година. Роден град и место на живеење Скопје, Македонија. Дипломиран Машински инженер и голем љубител на книгите.
Љубовта кон пишаниот збор се јавува на мала возраст и во текот на школувањето учевствува на разни натпревари за најдобар расказ во регион на град Скопје. Првично, своето пишување го насочува кон поезијата, а подоцна процветува во пишување на романи.
Добитник е на наградниот конкурс „Романијада“ 2019 година, од страна на издавачката куќа „Култура“. Дебитантскиот роман го носи името „Патот што го одбрав“ и преку него успева да се пробие низ македонските читатели.
Со повеќе напишани романи, кои ја чекаат можноста за нивно остварување, во 2021 година го реализира својот втор роман „Кога никој не гледа“
Темите опфаќаат психолошки термини и области во кои ќе се пронајде голем дел од младината. Разработени се теми од секојдневиот живот преку течен и лесно-разбирлив стил на пишување.
2022 година ја одбележува со третиот роман, кој го носи насловот „Позајмени сништа“.
Романот ги опфаќа моралните вредности во животот, мотивацијата за подобро утро, и пред се подобра личност.
Во меѓувреме на Амазон излегува трилерот “The diary’s whisper” кој засега е достапен само на англиски јазик.
Пишувањето е начин каде може да биде своја и начин за ослободување на своите емоции, преку кои допира до секој кој чита.
Веќе позната во својата насока, во 2023 го издава својот најнов роман пишуван по вистинска приказна „ Скршени крилја“.