ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ – мјузикл за деца
12:00 to 12:40 - март 22, 2026
Бистро Комедија (до Театар Комедија), Бул. Св. Климент Охридски бр. 31 Скопје Get directions

Претставата ШТУРЦИТЕ И МРАВКИТЕ е мјузикл за најмалата публика, која е работена по мотиви од басната „ Штурецот и Мравката“.

Во оваа претстава се говори за две штурчиња, кои постојано свират и уживаат во животот, потсмевајќи се на мравките кои постојано работат и се подготвува за зимските денови, не мислејќи за утре, односно за тоа како ќе ја поминат зимата. Кога зимата ќе дојде истите тие кои ги омаловажуваа вредните, ќе тропнат на врата како питачи за да можат барем накратко да се стоплат и да се нахранат.

Низ ликовите на Штурците, децата ќе можат да увидат и направат разлика што значи да си мрзоволен, неодговорен, да не си ги завршуваш зададените обврски, наспроди ликот на мравката Ленче и мравката Менче, кои  се симбол на вредност, работливост, уредност и организираност.

Оваа претстава со едукативно сиже, ги учи најмалите на одговорност и навремено завршување на обврските, помагање на своите родители, но не изоставувајќи го и моментот на на игра и забава во слободното време. Со претставата децата ги подучуваме дека во животот има време за сè, само треба добро да се организираме.

Секако и оваа претстава е со среќен крај, мравката им помага да ја поминат зимата, но под услов да ветат дека повеќе нема да бидат неодговорни и нема да се исмејуваат на другите. На крајот од претставата ги гледаме заедно среќни како пеат и се подготвуваат за следната зима.

Режија: Роберт Ристов
Играат: Мирјана Поповска Ристов / мравката Ленче и мравката Менче Радо Алексовски/ помладиот штурец и Роберт Ристов/ постариот штурец

Датум на изведба: 22.03.2026 / 12:00 ч.
Претставта е наменета за деца на возраст од од 2 до 12 години.
Цена на билет: 300 ден.
Доколку детето е премало и не може само да ја следи претставата, билетот важи и за родителот.
Доколку детето е способно да седи само, родителот кој сака да ја следи претставата, плаќа дополнителен билет и за себе си.

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар