„ТРИТЕ ПРАСИЊА“ -ПРЕМИЕРА!
11:00 to 11:40 - октомври 11, 2026
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

ПРЕМИЕРА на детската интерактивна претстава „ТРИТЕ ПРАСИЊА“ ✨🐷

Овој 11 октомври имаме уште една причина за славење - Арториум го слави својот ПРВ роденден! 🎂❤️

А ние решивме да го прославиме онака како што најмногу сакаме: со нова претстава и со вас пред сцената.

На нашиот прв роденден премиерно ќе ја изведеме детската интерактивна претстава „ТРИТЕ ПРАСИЊА“, приказна која сите добро ја знаеме, но овојпат раскажана малку поинаку, на наш начин.

Три прасиња, три различни карактери и три различни начини да се изгради еден дом. А нашите волци можеби и не се баш онакви какви што ги замислувате.

Со многу смеа, музика и игра, оваа приказна нè потсетува на пријателството, различностите и колку е важно да бидеме тука едни за други. Затоа што не е важно само колку цврсто ќе ја изградиме својата куќа, туку и кој ќе биде покрај нас кога ќе почне да дува ветерот. ❤️

А бидејќи првиот роденден сепак мора убаво да се прослави, ќе има и многу забава и многу интересни изненадувања. 🥳

Ве очекуваме да славиме заедно! 🎭❤️

📅 11.10.2026
🕚 11:00 часот
📍 Public Room
🎟️Цена на билет: 300 денари
* Билетот важи само за децата, влезот на родителите е БЕСПЛАТЕН и седат од страна на високите маси!

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

Order Qty Total
1
3
1
2
1
2
2
1
2
1
1
4
2
3
3
3
2
2
1
2
3
1
3

Total quantity sold : 46

MKD / EUR
MKD Македонски денар