Другарство – Куклена претстава за деца
12:00 to 12:40 - март 8, 2026
Бистро Комедија (до Театар Комедија), Бул. Св. Климент Охридски бр. 31 Скопје Get directions
Куклената претстава „Другарство“ е интерактивна претстава за најмалата публика, во која темата е другарството и сето она што го подразбира вистинскиот другарски однос. Претставта има за цел да ги едуцира децата  и поттикне да реагираат и побараат помош, доколку се жртва на врсничко насилство, или доколку забележат знаци на булинг во средината која ги опкружува.

Меѓусебното отуѓување на децата, поради новиот начин на живот, наречен „дигитализација“ е една  од темите кои се опфатени во оваа претстава.  Во минатото под поимот другарство се подразбираше некој, со кого постојано си заедно, си кажуваш тајни, играте надвор криенка, ластик, фудбал и други игри, во денешно време зад поимот другарство се крие некој, кој дури и немораш ни да го познаваш, туку поминувате заедно време преку игри на компјутер или на телефон и на тој начин комуницирате, укажувајќи им на децата, дека поминатото време надвор, со своите другари, ништо не може да го замени. Низ сите  неволји и тајни низ кои минуваат овие наши карактери, вклучувајќи го и булингот, кој не подразбира само физичко малтретирање туку и навреди, омаловажување, уцени и други видови на психичка пресија, децата ќе увидат дека некој што го познааш само преку компјутер, не може да ти помогне, како некој кој постојано е со тебе.  Низ игра, смеа и детски лудости, ќе ги потикнеме дечињата на игра  - надвор од своите четири ѕида.

ИГРААТ: МИРЈАНА П: РИСТОВ, РАДО АЛЕКСОВСКИ  и РОБЕРТ РИСТОВ
ДИЗАЈН И ИЗРАБОТКА НА КУКЛИ: ЦВЕТИН АНИЧИЌ
СЦЕНОГРАФИЈА: РОБЕРТ РИСТОВ
АУДИО ПРОДУЦЕНТ: ГОРАН ПАЈАК ТРИФУНОВСКИ
ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: САРА ПАНОВСКА
РЕЖИЈА И ТЕКСТ: РОБЕРТ РИСТОВ

Име на претстава: ДРУГАРСТВО
Датум на изведба: 08.03.2026 / 12:00 ч.
Претставта е наменета за деца на возраст од од 2 до 10 години.
Цена на билет: 300 ден.

Доколку детето е премало и не може само да ја следи претставата, билетот важи и за родителот.
Доколку детето е способно да седи само, родителот кој сака да ја следи претставата, плаќа дополнителен билет и за себе си.

 

 

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар