*VALDERA LIVE — HALLOWEEN CONCERT*
21:00 to 23:00 - октомври 31, 2026
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions

* VALDERA LIVE — HALLOWEEN CONCERT *
На 31 октомври, VALDERA ќе одржи голем солистички концерт во *Public Room – Скопје*, во уникатна Halloween атмосфера!
Публиката ја очекува музичко-сценски спектакл со *бенд во живо, две придружни вокалистки* и избор од најпознатите песни на VALDERA, како и нови музички изданија. Очекувајте вечер исполнета со *емоција, енергија, поп и рок звук, моќни вокали и специјално подготвен сценски настап*.
А бидејќи е Halloween — *слободно дојдете маскирани и во костими!* 🎃👻🧛‍♂️ Нека концертот биде и музички спектакл и голема Halloween забава.
📍 *Public Room, Скопје*
📅 *31 октомври 2026*
🎤 *VALDERA — Live*
🎸 *Бенд во живо + 2 придружни вокали*
🎃 *Halloween — костимите се добредојдени!*

 

*VALDERA* е македонски пејач, автор, композитор и продуцент кој својата музика ја гради околу силен вокал, емоција и поп-рок звук.
Музиката е неговата најголема страст уште од најмлади години, а меѓу артистите кои најмногу влијаеле врз неговиот музички израз се Michael Jackson, Bryan Adams, Michael Bolton и Freddie Mercury.
Зад себе има еден албум со 13 песни, повеќе синглови и музички видеа, настапи на фестивали и концерти во Македонија и Бугарија, како и повеќе од 150 авторски песни.
Во текот на својата кариера има соработувано со различни музичари и автори, меѓу кои и познатиот македонски композитор Григор Копров.
Покрај пеењето и пишувањето песни, VALDERA активно работи и на продукција и создавање музика, со желба секоја песна и секој настап да имаат сопствена енергија и приказна. Овој концерт е следниот чекор во таа приказна — можност музиката да се доживее во живо, заедно со бенд, придружни вокалистки и целосно концертно шоу.

 

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар