ИМПРОВОКАЦИЈА - театарска импровизација во која што играат професионалните актери:
Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипровски заедно со Никола Јосифоски на пијано и Филип Ангеличин - Жура како совест на шоуто.
Секоја изведба на „Импровокација“ е премиерна и истата не може да се повтори.
Ваквата форма на театар е спонтана, забавна и комична.
Публиката директно е инволвирана во процесот на создавање на сцените со свои предлози, а понекогаш се јавува и како директен учесник на сцената.
Во зависност од енергијата на публиката и предлозите што истата ќе ги даде, таков тематски правец добива и самата изведба.
Билет:300 ден.