COMEDY ROOM – МАРЈАН и ВЛАД
21:00 to 22:00 - јуни 6, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

ВЛАДИСЛАВ ВЛАД  ИЛИЌ
е млад човек по потекло од Куманово каде работел како актер - аматер во драмските кругови во Куманово.
Со стенд-ап комедијата се запознава на Малта каде што и го започнал интересот кон овој тип на комедија.
2017 се сели во Лондон каде почнува да работи посериозно во полето на стендап- комедијата. Пред да ја освои првата награда тој настапувал и по четири пати неделно во Англиските клубови. Вели дека не се ограничува во она што го зборува, а Стенд-ап комедијата му е врежана во срцето и слепо верува во идејата и пораката да им подари насмевка на луѓето кои бараат олеснување од секојдневните грижи.
Досега има освои повеќе важни награди – „Кинг оф д гонг“ во светски познатиот клуб „Комеди стор“, трипати е победник на натпреварот „Уан ту вач“ во најстариот клуб во Лондон „Ап ту крик“, победник е и на натпреварот „Гет ап – стенд ап“ каде ја доби наградата “Комичар на годината“ во Пикадили Комеди Клуб, кој е еден од најтешките натпревари со повеќе од 700 учесници, а меѓу другите ја освои и наградата „Макс Турнер прајз“.
По две години настапување, Владислав или Влад како што е попознат таму, доби шанса да настапува пред жири од талент агенти и потпиша три годишен договор со добро познатата “Блу Бук Артист Менаџмент“агенција.
Во Октомври месец 2020г. го имаше и својот прв настап на ББС1 ТВ. Настапот е достапен на платформата ББС Ај-Плејер низ Обединетото Кралство цела година. Настапот е дел од серијата “Stand Up For Live Comedy“ – проект на ББС 3 - кој ги бара најновите неоткриени таленти и им дава шанса да настапат на нивната платформа.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

Order Qty Total
1

Total quantity sold : 1

MKD / EUR
MKD Македонски денар