COMEDY ROOM – МАРЈАН И ЖКП
21:00 to 22:00 - мај 23, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН: ЖЕНИТЕ КОИ ЗБОРУВААТ

ЖКП

Три жени. 10 годишно искуство со комедија. 100 години маѓепсан живот. И тие сè уште стојат. И тие зборуваат.

Јелена Мандариќ:

Јелена е од Алибунар и лаборант по струка.Во Загреб ја започна својата стендап кариера.Таа се обидува да ги посочи сите комични елементи на штета на својот карактер, изглед, идиосинкратични одлики на целата своја личност. Треба да бидете многу силни за овој вид хумор и Мандариќ е силна како карпа!

Јагода Јовановиќ

Јагода длабоко верува дека светот би бил подобро место кога сите луѓе повеќе би се дрогирале и би имале повеќе секс. Нејзиниот живот е нејзината порака. Пред стендапот, таа ја претставуваше својата земја како млад дипломат во Мексико и Виена. Во оваа прилика, таа би сакала да им се заблагодари на сите кои со редовно плаќање даноци на државата и овозможија да си помине таму убаво. Нејзиното најголемо животно достигнување е нејзиниот сопруг, кој е пет години помлад.

Ана Златановиќ:

Ана е по потекло од Обреновац. Има многу живописно семејство и подготвена е да зборува за нив. Завршила факултет за безбедност и мастер студии на истиот. Во животот била се - ја бранела Србија од тероризам како оператор на контрадиверзионата контрола на аеродромот Никола Тесла, ги слушала жалбите на корисниците во кол центарот, работела со туристи на море... Со стендап започна 2013.

Days
Hours
Mins
Secs

Организатор

Export

Локација

Order Qty Total
1
1
1
1
1
1
1

Total quantity sold : 7

MKD / EUR
EUR Евра