COMEDY ROOM – МАРЈАН и АНДРЕЈ
21:00 to 22:00 - јуни 13, 2021

ВОДИТЕЛ:

МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM

ГОСТИН:

АНДРЕЈ ТЕЖАК ТЕШКИ е комичар кој од првиот ден на стенд ап комедијата во Словенија е присутен на сцената, позади неа, под неа и околу неа. Еден од пионерите на словенечката стенд ап комедија, водител на претстави и на сите возможни настани. Со колегата Тин Водопивец го организира првиот "ПАНЧ" меѓународен фестивал на стенд ап комедија на кој во времетраење од 6 дена, секој ден имаат настап 5 комичари, со огрома посетеност од публиката. Тој е координатор на сите вечери, мајстор за атмосфера и комуникација со публиката. Фестивалот постои веќе 14 год. и особено се гордее со него, како на свое дете.
Сака да се шегува на сметка на својот избор да е вегетаријанец, менаџерската професија и со луѓето со кои секојдневно работи, а неговот хумор најчесто е на граница со црн хумор, директен, пребирлив, саркастичен, критички настроен и без кочници. Сигурно ќе ве заведе со својот интелегентен хумор.
Сопственик е на свој стенд ап клуб кој се вика "10ка" (единствен во Словенија), каде три пати неделно настапуваат комичари со свои стенд ап настапи и импров комедија, место за правење на нови комичари и каде се креаираат нови шеги.
Со-основач е и на популарниот стенд ап клуб "Студио смјеха" во Загреб заедно со Марина Орсаг.
Особено е горд и на работилниците кои ги води за тренирање и обука на млади комичари ("Академијата ПАНЧ"). Можеме да заклучиме дека Тешки е многу горд човек :)
Од секогаш имаше во себе менаџерска линија, почнувајќи со бендовите во кои свирел (гитара и тапани): "Фу Инле", "Кајмак", "Бобнарс Јунајтед", дуетот кој прерасна во квартет а подоцна и во секстет "Слон и Садеж Р'Н'Р". Почнувајќи скромно со помалку познати групи какo "Анаврин", "Тха Флов", "Цик Цак" се до звездите како "Биг Фут Мама", "Мањифико" и др.
Се бави и со продуцирање на музички фестивали почнувајќи од "Радар" (Загреб и Вараждин), "ЛЕНТ" во Марибор, "Пиво и Цвеќе" во Лашко, "Castle" фестивал на реката Колпа, Реге фестивал "Оверџем" во Толмин (Словенија)..учејќи да прави и губи пари ;)
Менаџер е на групите С.А.Р.С., Бркови, ЕМКЕЈ...и долго време работеше со Дубиоза Колектив.
Многу често доаѓа во Скопје, Македонија, соработува со Логин Кочишки од Пасворд продукција (пред 2 години  учествуваше на ПИН конференцијата) и со продукцијата Златен Заб (реализирајќи го проектот Стенд ап маратонец).
Пред 5 год. почна да трча...сосема случајно седејќи на каучот дома одлучи дека од тој ден ќе биде ултрамаратонец :) и без никаква подготовка истрча 13 км. натпреварувајќи се на "Вингс фор лајф" (2014г.) Секоја година претрчува по 160км и повеќе.
Одлучи да ги спои стенд ап комедијата, трчањето и хумaнитарноста (бидејќи е од оние кои сакаат да остават некаква трага меѓу луѓето и имаат некаква цел пред себе) правејќи го проектот СТАНДАП МАРАТОНЕЦ (пишувајќи и блог за тоа):
Првата година Тешки и неговите колеги поминаа 600 км за 10 дена и заедно со своите колеги комичари насмеа 30 словенечки градови.
Во вториот проект посетија 33 Словенечки планински врвови и насмеаја планинари во 33 планински колиби за 33 дена.Ги одбра планините во кои со децении постои екологија, рекреација, активен живот...
Во третиот проект го организираше спортско-добротворниот настан кој ги опфати сите главни градови на поранешните Југословенски републики, каде понерот на словенечката стенд ап сцена, комичарот и ултрамаратонецот Андреј Тежак Тешки со локалните колеги комичари ја насмеаа на свој локален јазик публика, собирајќи пари за децата без родиели (и социјално ранливи категории). Таа година трасата беше најдолга од Љубљана до Скопје во патики, претчаа 1600 км и собраа вкупно 10.000 евра за децата.
Повторо има нова идеја, да го претрча најдолиот пат, кој може во Светот да се пропешачи, од Кејп Таун во Јужна Африка до Камчатка во Русија...се заедно 28.000 км
Сопственик е (со пријатели)на земја на еден од индонезиските острови
Заврши студии (менаџмент на комедија) во Велика Британија на Универзитетот за уметности во Леицестер.

Days
Hours
Mins
Secs

 

Организатор

Export

Сподели

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro