BEZKONCEPTUALEN STAND UP – SEMIR GICIĆ *Specijalen gostin: Ivana Naskova
20:00 to 21:20 - февруари 22, 2020
НУ Центар за Култура Браќа Миладиновци - Струга, Ул. 15-ти Корпус, СТРУГА Get direction

Days
Hours
Mins
Secs

 

 

БЕЗКОНЦЕПТУАЛЕН СТЕНД АП СО СЕМИР ГИЦИЌ

*Специјален гостин: Ивана Наскова

САБОТА 22.02.2020 г. во 20:00ч. во НУ Центар за Култура БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ-СТРУГА

150 ден. билет online или на билетара  1 час пред почетокот на настанот

Резервации на: 077 73 00 59

„Списокот на неподносливите сорти на луѓето“ е тема во неговата нова безконцептуална стенд-ап комедија.

Семир Гициќ, можеби, ни кажува дека само во лудилото постои систем, дека секој апсурд е пологичен од реалноста во која живееме, која се менува од час во час, многу ретко според правилата на здравиот разум. Кога човек ќе помисли дека нешто се завршило, дури тогаш  започнува, кога верува дека разбрал, дури тогаш е измамен, по којзнае којпат.

Во неговите настапи нема вицеви, ефтини метафори, пеење, играње и друго трошење на време за бадијала.

 

Студирал Академија за театарски и филмски уметности, а дипломирал на Катедрата за глума.

Семир Гичиќ е автор на популарните комедии:

"Внимавај со кого спиеш" I и II дел,

"Чекајќи го министерот",

"Имаме дојава",

"Пинокио ​​за возрасни",

"КВДП",

"Дежа Ву" и тн...

„Пазарски приказни“ е авторска ТВ серија на Семир Гичиќ, во која тој беше водител.

Настанот е поддржан од: ART THEATER HOTEL - STRUGA  www.artstruga.com

 

Организатор

Export

Локација

Сподели

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro