Чудесниот напиток
13:00 to 13:50 - октомври 25, 2026
Sreka.bar.food, 3rd Macedonian Brigade 60, Skopje Get directions

НЕДЕЛА 25ти 13:00ч СРЕЌА БАР

Цена на билет 300 ден
Младиот волшебник Хари Потер заедно со неговите другари го наоѓаат познатиот чудесен напиток што го има оставено познатиот волшебник Гринимор. Чудесниот напиток има и упатство за употреба, а тоа е книга со загатки кои треба да се одгатнат. Додека тие се обидуваат
да ги одгатнат, се појавува лошата магепсничка Валдена која безмилосно ги напаѓа и им ја зема
книгата со упатството. Потоа се појавува и самиот создател на напитокот, волшебникот Гринимор кој ги предупредува дека кога ке го отворат шишето ке им се појави и дел од духот на најголемиот , но нацрниот волшебник кој се враќа од мртвите, лошиот Волдеморд.
Ова е интерактивна театарска претстава за деца од 6 до 12 годишна возраст, поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува лубовта, другарството и вербата како наголеми сили и моќи на човештвото.

Претставата е во времетраење од 50 минути и е за деца од 6 до 12 годишна возраст.

Поради ограниченоста на просторот со места за седење, се препорачува  родителите да бидат во кафе барот од истиот објект.

Автор: Надица Петрова
Играат:
Бобан Алексоски
Надица Петрова
Бранко Михајлоски
Гласови:
Ванеса Тримческа
Тодор Стојковски

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
MKD Македонски денар