Трите прасиња на број, а волкот или волците нека му ја мислат додека не им го најдеме совршениот крој…
Ви благодариме за големиот интерес!
Изгледа дека октомври нема да помине без уште една доза прасечки лудории! 
А кога вие барате, ние не се правиме дека не слушаме! 
ОТВОРАМЕ УШТЕ ЕДЕН ТЕРМИН ЗА „ТРИТЕ ПРАСИЊА“!
25.10.2026
Public Room
11:00ч.
Волкот повторно има план. Прасињата повторно имаат проблем. А ние имаме чувство дека повторно ќе се бара билет повеќе! 

Не велиме да побрзате… ама досега брзината беше пресудна! 
Затоа обезбедете си ги билетите на време!
•Влезот за родителите е БЕСПЛАТЕН, а тие седат на високите маси од страна.
Претставата е наменета за деца од +3 до 12 годишна возраст.
