Троп, троп, троп!
Кој тоа толку вредно гради?
Нашите ТРИ ПРАСИЊА, се разбира! 


Едното со слама, другото со дрво, а третото со цигли! Но, додека тие вредно ги градат своите куќички, зад дрвјата се кријат тој и таа: Волчко и Волчка...гласни, непобедливи со страшен поглед и празен стомак?Хмм… или сепак оваа приказна крие едно поинакво изненадување… 

Многу смеа, многу музика, три палави прасиња и два волка какви што досега не сте запознале!
„Трите прасиња“ повторно ве канат во нивниот шарен свет, каде што пријателството е посилно од секоја куќичка! 
15.11.2026 (недела)
11:00 часот
Среќа Бар – Скопје
Побрзајте да си го обезбедите вашето место, пред волците да дувнат и да ги разнесат сите билети! 
Се гледаме на највеселата детска театарска авантура! 

Цена на билет:300денари
