Изгледа дека прасињата сериозно ја освоија публиката, а волкот… па, волкот сè уште не може да поверува што се случува! 🐺😂
Ви благодариме за рекордно распродадениот термин! ❤️
А бидејќи интересот не стивнува, решивме да не ги оставиме нашите прасиња да одмораат толку рано! 🤭
ОТВОРАМЕ ВТОР ТЕРМИН ЗА „ТРИТЕ ПРАСИЊА“ НА 25 ОКТОМВРИ!
📅 25.10.2026
📍 Public Room
⏰ 12:30ч. – НОВ ТЕРМИН!
Три прасиња, два волка и публика што очигледно нема намера да ги остави на мир! 🐷🐺😂
🎟️ Не сакаме да создаваме паника, ама со ова темпо и волкот ќе остане без билет! 🤫
Затоа побрзајте бидејќи ова ќе е последната изведба во октомври!
Влезот за родителите е БЕСПЛАТЕН и седат на високите маси од страна.
Претставата е наменета за деца од +3 до 12 годишна возраст!
