,,Мачорот во чизми”- претстава за деца
11:00 to 11:40 - април 26, 2026
Sreka.bar.food, 3rd Macedonian Brigade 60, Skopje Get directions

Дали сме спремни за незаборавната и најзабавна детска претстава ,,Мачорот во чизми”?

Адаптирана според добро познатата бајка на Шарл Перо, но со модерен и интерактивен пристап бидејќи во оваа претстава нашата најмила публика- децата се соиграчи и соучесници во приказната.🎈

 ⭕️Главниот јунак во оваа драма е насловниот лик Мачорот во чизми кој со интриги, измами и лаги успева да ги исполни сите желби на својот господар. Главен двигател за целото дејство е секако желбата на чесниот и добар господар, но сепак најважниот порив е искрената љубов за која секогаш вреди да се бориме! 😻

✨,,Дали само силната желба е потребна да си ги оствариме нашите соништа или сепак треба да се потрудиме самите? Колку е важно да работиме за нашите соништа? И кој е вистинскиот пат за да се исполнат?’’ – се дел од прашањата на кои заедно со публиката ќе го најдеме вистинскиот одговор!

 Секако покрај вистинските вредности како љубовта, чесноста, оваа претстава нѐ учи да се радуваме и да го цениме секој подарок. Да не ја гледаме само материјалната вредност на подарокот и да бидеме благодарни за секој кој ќе посвети внимание на нас- иако можеби навидум на почетокот ќе ни изгледа непотребно, не знаеме кога и како ќе ни затреба!✨

Играат: Бранко Атанасов, Давид Димоски и Стефанија Начевска

Режија и текст: Бранко Атанасов

Креативен директор: Драган Божино

Продукција: Арториум

 

📍Каде: Среќа Бар

 

https://maps.app.goo.gl/QL1BzvkYsi2skBhE8?g_st=ic
📆Кога: 26.04.2026 (НЕДЕЛА)

⏰Почеток: 11:00часот

⭕️Адаптирана за деца од 3 до 12 години.

Времетраење: 40минути.

Цена на билет: 300денари

Влезот за родители е БЕСПЛАТЕН!

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

Order Qty Total
1
2
2

Total quantity sold : 5

MKD / EUR
MKD Македонски денар