Едукативна детска претстава со еколошка порака
Највеселиот пикник во вселената доаѓа на Земјата!
Во оваа интерактивна детска претстава, децата ќе се запознаат со два шарени вонземјани – Вселенко и Марско, кои случајно слетуваат на загадената планета Земја.
Таму ги среќаваат Зелената сила, која бара помош од луѓето за да ја спаси планетата од Сивиот Смог.
Преку хумор, песни, игри и заеднички предизвици, децата учат:
што е рециклирање и како правилно се сортира отпадот
зошто е важно да се чуваат дрвјата и воздухот
како секој човек може да ја заштити природата со мали секојдневни навики
Тип: интерактивна едукативна претстава
Возраст: 5 – 11 години
Времетраење: 40–45 минути
Зошто токму оваа претстава?
Го поттикнува еко-размислувањето кај децата
Ги вклучува во реални активности (сортирање отпад, креативни предизвици, групна работа)
Претставува весела комбинација на наука, театар и игра
Завршува со оптимистична порака од самата Планета Земја
МАРСОВСКИ ПИКНИК – едукативна детска претстава
11:00 to 11:40 - ноември 16, 2025
Public Room-Skopje, ул: 50-та Дивизија бр.22 СКОПЈЕ Get directions
