Изложба на фотографии “Селска хармонија’ од Фунда Реџеп Алицов
18:00 to 19:00 - јуни 12, 2026
Дом на култура, Оптина Конче

Изложба на фотографии "Селска хармонија' од Фунда Реџеп Алицов во организација на Продукција Златен Заб, поддржана од Министерство за култура на Р. Македонија. (12.06.26 Дом на култура, Општина Конче).

 

Фунда Реџеп Алицов е дипломиран оптометрист, автор и Млад Европски Амбасадор, која преку својата работа успешно ги поврзува образованието, културата, традицијата и современтото творештво.
Оваа изложба претставува визуелно патување низ секојдневниот живот во село Конче - место каде што човекот и природата живеат во склад и меѓусебна почит.
На фотографиите нема режирани сцени, туку вистински моменти исполнети со искреност и човечка топлина. Една од фотографиите беше објавена и во престижниот светски магазин за уметност од Њујорк "Arts to hearts".
"Преку овие 19 фотографии, ја прикажувам поврзаноста меќу луѓето и земјата, трудот и мирот, традицијата и современиот живот. Секој кадар раскажува приказна за животот во руралната средина, за културното наследство, за семејството и за вредностите кои се пренесуваат од генерација на генерација. Фотографиите претставуваат посвета на родниот крај, на предците, на традицијата и на луѓето кои со својата работа и скромност го создаваат вистинското богатство на едно општество"- кажа авторката Алицов.
"Гледајќи ги фотографиите можеме да почувствуваме дека природата не брза никаде. Цветот цвета кога е време да цвета. Листот паѓа кога ќе дојде есента. Водата го наоѓа својот пат без борба. А можеби токму тоа е една од пораките на оваа изложба - дека и човекот понекогаш треба да си дозволи да забави, да погледне околу себе и повторно да воспостави врска со светот што го опкружув. Токму тука лежи силата на овие фотографии. Фунда не фотографира само предмети, пејзажи или сцени. Таа фотографира мигови. Мигови на тишина, на присуство на живот што тече по својот природен ритам. Селска хармонија не е само изложба на фотографии. Таа е и потсетник. Потсетник дека убавината не е секогаш на далечни места. Често се наоѓа токму таму каде што сме - во едно дрво, во една патека, во нечии раце, во светлината на едно попладне или во тишината на едно утро. Посакувам ова да биде само почеток на едно долго плодотворно творечко патување и да продолжи да ни го покажува светот преку својот искрен, чувствителен и внимателен поглед. Да се има око што ја препознава убавината е дар. Но уште поголем дар е таа убавина да се сподели со другите." - истакна во својот уметничко-критички осврт уметницата од Украина, Снежана Мелник.
Зборови на поддршка изразија и Градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов и модераторите на Македонски јазик, Марија Костовски и на Турски јазик, проф. Џафер Мемишоски.

Организатор

Export

Локација

Please add the product shortcode attribute when not displaying on a Product's page
MKD / EUR
EUR Евра