Она што не наведе да ја обработиме оваа тема се честите сообраќајните незгоди, кои не ретко вклучуваат и деца како пешаци, велосипедисти или патници.
Оваа претстава е продолжение на куклената претстава „ДРУГАРСТВО“ која наиде на одличен прием кај децата. Креирањето на нова претстава со истите урнебесни ликови, дополнително ќе помогне при обработувањето на оваа исклучително важна тема- СООБРАЌАЕН БОН-ТОН. Трите кукли во природна големина, преку кои на сцена се толкуваат три деца со различни карактери, визуелно ја оплеменуваат оваа претстава, но и внесуваат дополнителна комедија, забава и ритам, кој прави претставата да биде воспримена во еден здив. Карактерот на полицаецот ќе биде единствениот реален лик, се со цел да ја избегнеме карикатуралноста која е присутна кај останатите ликови.
Преку интеракција со публиката – ќе ги иницираме децата да учествуваат во дискусијата за тоа кое однесување е добро а кое не, што е правилно а што не, која сигнализција што означува и кој - како во сообраќајот треба да се однесува.
Овој наш проверен театарско-едукативен пристап, кој преку забава и интеракција ги едуцира најмладите, е докажан и сигурен исчекор во процесот на развивање на совесни граѓани во едно општество.
Доколку детето е премало и не може само да ја следи претставата, билетот важи и за родителот.
Доколку детето е способно да седи само, родителот кој сака да ја следи претставата, плаќа дополнителен билет и за себе си.
