ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ, ПА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ – интерактивна претстава за деца
12:00 to 12:40 - март 15, 2026
Бистро Комедија (до Театар Комедија), Бул. Св. Климент Охридски бр. 31 Скопје Get directions
Претставата ЗАСТАНИ, ПОГЛЕДНИ ПА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се  преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација , безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција.

Она што не наведе да ја обработиме оваа тема се честите сообраќајните незгоди, кои не ретко вклучуваат и деца како пешаци, велосипедисти или патници.
Оваа претстава е продолжение на куклената претстава „ДРУГАРСТВО“ која наиде на одличен прием кај децата. Креирањето на нова претстава со истите урнебесни ликови, дополнително ќе помогне при обработувањето на оваа исклучително важна тема- СООБРАЌАЕН БОН-ТОН.  Трите кукли во природна големина, преку кои на сцена се толкуваат три деца со различни карактери, визуелно ја оплеменуваат оваа претстава, но и внесуваат дополнителна комедија, забава и ритам, кој прави претставата да биде воспримена во еден здив. Карактерот на полицаецот ќе биде единствениот реален лик, се со цел да ја избегнеме карикатуралноста која е присутна кај останатите ликови.

Преку интеракција со публиката – ќе ги иницираме децата да учествуваат  во дискусијата за тоа кое однесување е добро а кое не, што е правилно а што не, која сигнализција што означува и кој - како во сообраќајот треба да се однесува.

Овој наш проверен театарско-едукативен пристап,  кој преку забава и интеракција ги едуцира најмладите, е  докажан и сигурен исчекор во процесот на развивање на совесни граѓани во едно општество.

Датум на изведба: 15.03.2026 / 12:00 ч.
Претставта е наменета за деца на возраст од од 2 до 10 години.
Цена на билет: 300 ден.
Доколку детето е премало и не може само да ја следи претставата, билетот важи и за родителот.
Доколку детето е способно да седи само, родителот кој сака да ја следи претставата, плаќа дополнителен билет и за себе си.

Организатор

Ticket detail

Export

Локација

This product currently has no customers
MKD / EUR
EUR Евра