Претстава што ќе ве натера да размислите – за себе, за љубовта и за светот во кој живееме.
Ние сме генерација што не сака врски и живее брзо, од ден за ден…
Свајпуваме по дејтинг апликации со надеж дека ќе го најдеме „вистинскиот“.
Сонуваме да си ја нарачаме сродната душа преку интернет, читаме „Пет знаци дека е заинтересиран“ и „Седум начини како да го освоиш“ – уверени дека можеме да го испрограмираме човекот за љубов, како проект на работа.
А сепак, ние сме тие што бегаат од вистинска, длабока конекција.
Сакаме фасада од љубов без труд, држење за рака без поглед во очи, ветувања без посветеност.
Сакаме да славиме годишнина без оние 364 дена што водат до неа.
Играме игри во кои нема победници – и на крај остануваме сами.
Сакаме љубов како од филм, ама не правиме ништо за неа.
Или се откажуваме пребрзо, на првата препрека.
Дали повеќе сакаме некој да нè сака, или ние да сакаме?
Колку бракот го менува односот меѓу двајца?
Да се биде во брак или не?
Дали секогаш има страст на почетокот на врската, а потоа раскинување?
Што е навистина потребно за еден складен брак?
Одговорите на овие вечни прашања за љубовта и односите меѓу мажот и жената —ги носи нашата позната стенд ап комичарка, писателка,тв и радио водителка Ивана Наскова на свој, женски и искрен начин.
Ова е претстава што ќе ве насмее, ќе ве замисли и ќе ве натера да се погледнете во огледало — затоа што, на крајот, какoв ти е партнерот – таков ти е животот.
Публика ќе ужива во приказната за машко-женските односи и суровата секојдневица – со поука дека, колку и да е заплеткан животот, љубовта останува неговиот вистински смисол.
На свој, искрен и духовит начин, Ивана Наскова ќе и ја приближи оваа симпатична приказна на публиката – преку очите на жена која, по раскинување или развод, конечно вели „доста е“, го презема животот во свои раце и повторно се осмелува да верува во љубовта.
Со многу хумор, вистина и емоција – таа зборува за љубовта, за мажите, за жените, и за тоа како, и покрај сè, сите ние на крајот само сакаме да бидеме сакани.
И конечно, „драматичниот крај“. Катарзично обраќање до публиката, со факторот на изненадување и појавување на сцената на мега популарниот регионален театарски и филмски актер, режисер и телевизиски водител Драган Маринковиќ Маца.
Бидејќи Маца знае како да не го остави гледачот да ја напушти салата со насмевка на лицето, бидејќи насмевката ја оддалечува длабочината на мислата, насмевката се памети, но, она што Драган Маринковиќ ќе го пренесе од сцената е повеќе од комедија.
Тоа е нашата реалност. Индивидуална, семејна, општа.
Како и секогаш, Маца, на свој уникатен начин, зборува за машко-женските односи, бракот, животот и секојдневните апсурди што сите ги препознаваме – но, кои само тој знае да ги раскаже на овој начин!
Она што е смешно во претставата е таа дрскост да некој каже некаква вистина и на тој начин некого да изненади и насмее.
Претстава што ќе ве натера да размислите – за себе, за љубовта и за светот во кој живееме.
Е таков ти е животот е претстава што сериозно влијае на психофизичката состојба на целиот организам. Смешно до солзи, со трагична опашка што се влече и колку повеќе ја сечеме, толку подолго расте.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Предизвикува болки во стомакот од смеење, голема количина солзи радосници, а постои и можност да го
изгубите гласот од толку силно смеење!
Претставата е наменети за публика +16 години без разлика на полот, расната и националната припадност, религиското и политичкото определување, сексуалната ориентација, социјалниот статус, како и хендикепираноста
12/09/26
20:00
Јавна Соба/Puvlic Room
Цена на билет 600 денари
Цена на билет на ден на претстава 800 денари
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Р. Македонија

