МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ, е актер, стендап комичар, режисер, тој пие утринско кафе пола ден.
- Не ме гибај, му е утрински благослов кон останатите.
Тој е купувач на книги и се надева дека до крајот на животот ќе ги прочита сите.
Пие пиво без мезе, гледа серии, помеѓу глупав филм и длабок сон секогаш го избира второто.
Отвора социјални мрежи - пцуе/ хејта/ му се лоши.
Пушта тв - пцуе/хејта/ му се лоши.
Сака да си пцуе/хејта и со останати пцујачи во друштво, така му е полесно.
За да не е самопрогласен аналитичар на психологијата, студира психологија.
Има намера да направи психотерапија базирана на пцуење/хејтање и смеење.
Решен е секојдневно со читање добра литература да се имунизира од глупоста и верува дека со сарказам организмот му реагира кога сретнува поборници на примитивизнот.
Татко е на малолетно дете и учесник во брачна состојба.
Се движи на даската помеѓу фантазијата, а реалноста ја гризе до коска.
ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM е местото каде можеме да бидеме реални, забавни, хард кор брутални, без маска, без дезинфекција на вистината.
Дебата на вистински начин, само со комичари, луѓе кои решиле својот живот да го гледаат преку визирот на светлата страна.
Хуморот не' интересира - другото е болно и патетично.
Добредојдовте на ЗЛАТЕН ЗАБ COMEDY ROOM
ИВАНА НАСКОВА е дете за кое прво се секираа дали ќе прозбори, а штом прозборе не престана.
Бидејќи нејзините не можеа да издржат да ја слушаат цел ден како збори, со само 6 годинки ја пуштаат на радио.
Таму зборува со саати и е водител на неколку емисии, а нејзиното шоу „Вечер со Ивана“ руши рекорди на слушаност.
17 години јавноста се “мачи“ со Ивана слушајќи ја на радио и гледајќи ја на телевизија.
Бидејќи не може да преживее само од тоа, започнува да пишува книги, снима реклами, но на крај сепак сфаќа дека парите се во Стендап Комедијата.
Сакајќи да биде многу богата започнува да работи како комичар.
Вози Порше и живее на Мајами во своите соништа, само кога ќе успее да се наспие повеќе од 5 часа.
ПОГЛЕДНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ОВДЕ
ГЛЕДАЈ LIVE STREAM ОВДЕ