ГЕНЕРАЛНА ПРОБА-театарска претстава
Траги-комедија за љубовта,театарот и животот како недовршена сцена,како вечна
репетиција без премиера.Двајца актери, менувајќи маски и идентитети,играат
спектар на љубовни врски,од комичност до трагичност,од страст до празнина,од
блискост до разделба.
Секој од тие парови се наоѓа во момент на егзистенцијално и емоционално
преиспитување веднаш по водење на љубов.
Претставата е искрено и директно истражување на
љубовта,сексуалноста,самоизмамата и потрагата по смислата на
постоењето.Соголувањето,симнувањето и менувањето на маски,лицемерието,сé е
тоа дел од нашето секојдневие,а овде конкретно е прикажано преку темата-
ЉУБОВ,но дали таа се сведува само на сексуално задоволство, физичка
привлечност и оргазам?
Во хотелска соба,која е еден сценски импровизиран микрокосмос и
театар,љубовта секогаш останува во статус "проба".
Ова е момент пред премиера,потрага по совршенство,простор на
неизвесност,недовршеност и ризик.Такви се односите на овие 12 ликови,постојана
проба на љубов,која никогаш не доаѓа до реализација.
Таа соба е истовремено реален и симболичен простор,место на телесна
средба,но и на театарска илузија.Во тој двоен простор,љубовта се претставува
како недовршен текст што секој пат се препишува одново.
Лош текст,лоша режија,без крај,без концепт...налик на животот!
Суета,его,надменост,себичност,нарцисоидност-се што е човекот-актерот!
„Генерална проба“ НЕ ВЕТУВА ПРЕМИЕРА!!!
Таа останува само генерална проба,како и нашите животи,кои никогаш не
достигнуваат совршенство,туку само низа на обиди,репетиции и незавршени
љубови.
Претстава која ја соголува љубовта до коска!
Ќе се насмеете,ќе се препознаете,можеби и ќе заплачете.
Љубов без маски! Театар без милост!
РЕЖИЈА: Давид Илиќ
ТЕКСТ: Радо Алексовски
ИГРААТ: Ирена Илиевска и Радо Алексовски
ЛОКАЦИЈА: Културно информативен центар-САЛОН 19:19
ПОЧЕТОК: 20 часот
„Генерална проба“-театарска претстава
20:00 to 21:10 - ноември 11, 2025
Културно-Информативен Центар (Салон 19,19)-Скопје, Филип Втори Македонски б.б. (Моша Пијаде) СКОПЈЕ Get directions
