📍 Се гледаме на 04.04.2026 во Сабота од 11:00 часот на сцената на поткровјето во Јавна Соба / Public Room 😍
🎭 „ВОЛШЕБНАТА ШУМА“ e еколошка, едукативна, интерактивна детска претстава со воспитна цел за градење на свеста, наменета за возраст во која се калеми општата култура за доброто утре.
🩵 Во претставата низ низа комични перипетии и волшебни моменти учиме за емпатијата, грижата за природата и простувањето.
🌲Кралот на шумата Еко, успева да ја научи принцезата Гордица како културно да се однесува и заедно да ги спасат шумите и царството од вештерката Оф-Леле.
НАПОМЕНА: ЗА ВОЗРАСНИТЕ НЕ СЕ НАПЛАЌА.
Местата сe строго ограничени, средствата НЕ се рефундираат.
🕐 Времетраење: 45 мин.
👫 За деца на возраст од 3 до 10 години.
Претставата е со оригинална костимографија и сценографија.
Улогите ги толкуваат: Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски и Пируника Киселички.
🥂 Пијачките и храната во Public Room се исклучиво преку платежна картичка.
📸 По претставата се фотографираме со нашите омилени ликови! 🥰
Бидете ни во добро здравје и да ја негуваме уметноста, ве поздравува ваш Театар Колозов
